Љупка Пејковска-Мирчевска

Г-ѓа Љупка Пејковска-Мирчевска работи како адвокат во Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје. Нејзини главни области на делување се граѓански спорови, стопански спорови, работни односи, прашања од вонпроцесното право и административни процедури поврзани со недвижности, денационализација и приватизација. Професионалното искуство на г-ѓа Пејковска-Мирчевска започнува во април 2005 година, како адвокатски приправник во Адвокатската канцеларија на Адвокат Тони Атанасоски, каде по двегодишна обука го положува правосудниот испит и продолжува да работи како адвокатски стручен соработник. Во 2010 година, преминува во Адвокатската канцеларија Марковска и Андревски, каде работи една година.

Умерено го познава англискиот јазик.

Образование и стручно усовршување

Г-ѓа Пејковска-Миречевска дипломирала во 2004 година на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Покрај адвокатскиот испит, го има положено и испитот за државни службеници-општ дел. Во 2011 година учествува на едукацијата „Тренинг на тренери“ за антимобинг, организиран од страна на Канцеларијата за помош и едукација на жртвите на мобинг, водена од прим. м-р Елвира Коиќ, д-р мед. специјалист психијатар од Загреб и д-р Сњежана Василевиќ.

Контакт информации:

Е-мејл: ljupka.interpartes@gmail.com
Т/Ф: +389 (0)2 3123 034
Моб: +389 (0)78 220 430