Човекови права

Право за правата на човекот е гранка на меѓунароно право што има за цел да ја осигура заштитата и промоцијата на човековите права на домашно, регионално и меѓународно ниво. Како форма на меѓународно право, правото за правата на човекот воглавно се состои од меѓудржавни договори и конвенции, со цел правно да ги обврзе страните потписнички на нормите содржани во договорите и конвенциите.

Согласно Уставот на Република Македонија, меѓународните договори што Република Македонија ги има ратификувано стануваат дел од внатрешниот правен поредок. Исто така, основните слободи и права на човекот и граѓанинот признаени со меѓународното право и утврдени со Уставот, како и почитувњето на општо прифатените норми на меѓународното право се издигнати на ранг на темелни вредности на уставниот поредок на РМ. Судовите судат и своите одлуки ги засноваат врз основа на Устав, закон, меѓународни договори ратификувани во согласност со Уставот, а во конкретните случаи непосредно ги применува конечните и извршни одлуки на меѓународните судови, чијашто надлежност ја признава РМ, ако одлуката е подобна за извршување.

Имајќи ја во предвид оваа тесна поврзаност на домашното и меѓународно право, адвокатите во Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје успешно ги застапуваат пред домашни судови и меѓународни форуми своите клиенти кои тврдат дека нивните права и слободи се повредени со одлуки, дејствија и пропусти на државни органи, други правни и физички лица.