Услови и правила за користење на веб-страницата

Откажување

Овие материјали се подготвени од Aдвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје како информации и истите не претставуваат правен совет. Овие информации не создаваат врска адвокат-клиент. Ве молиме, не преземајте дејства врз основа на овие информации, без претходно да пoбарате професионална правна помош. Со посетување на оваа веб-страница, се согласувате со сите доленаведени услови и правила. Ако не се согласувате со нив, Ве молиме не ја користете оваа веб-страница.

Услови и правила

  1. Важно: Иако би сакале да нè контактирате, Ве молиме не ни испраќајте ниту една информација за било кој случај во кој сте инволвирани, додека не потпишете Полномошно со нас дека Ве застапуваме.
  2. Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје е основано во 2011 година, во согласност со Законот за адвокатура. Сите адвокати, адвокатски стручни соработници и адвокатски приправници подлежат на почитување на Кодексот за професионална етика на адвокатите, на адвокатските стручни соработници и адвокатските приправници на Адвокатската комора на Република Македонија.
  3. Со посетување на оваа веб-страница се согласувате дека оваа веб-страница ќе биде дизајнирана и евалуирана врз основа на внатрешното право во РМ.
  4. Иако оваа веб-страница може да биде поврзана со други веб-страници, Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје директно или индиректно не изразува подршка, асоцијација, спонзорство или афилијација со другата веб-страница, освен ако е тоа експлицитно наведено. Со посета на оваа веб-страница, се согласувате дека Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје ги нема прегледано сите страници со кои оваа веб-страница е поврзана и не е одговорно за нивната содржина. Вашето поврзување кон други веб-страници преку нашата веб-страница е на ваш ризик.
  5. Сé што се наоѓа на оваа веб-страница е ексклузивно право на Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје и ниту еден дел од оваа веб-страница, вклучувајќи но и не само ограничено на текст, слики, аудио и видео фајлови, не може да се користи на било кој начин или за било кои цели, без писмено одобрение на Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје. Без да се подразбира дека се откажуваме од горенаведените права, може да преземате по една копија од материјал прикачен на веб-страницата за само Ваша лична, некомерцијална домашна потреба, под услов ако не ги бришете или менувате известувањата за интелектуална сопственост, трговска марка или други известувања за сопственост. Измени или користење на материјалот на оваа веб-страница за било кои други цели, ги повредува правата на Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје.
  6. Со посета на оваа веб-страница се согласувате дека користењето е на ваш ризик и дека ниту една од инволвираните страни во создавањето на оваа веб-страница е одговорна за било кој директна, индиректна, случајна, последична или казнена штета или било кој друг вид на загуба (вклучувајќи правни трошоци, трошоци за експерти или дрги надоместоци) што може да настанат, директно или индиректно, преку пристапот, користењето или пребарувањето на веб-страницата или преку преземање на било какви материјали, податоци, текст, слики, видео и аудитивни материјали од оваа веб-страница, вклучувајќи, но не и ограничувајќи се на сè она што може да настане како причина од вирус, харвердска или софтверска грешка што резултира со неточни податоци или пад на сиситемот, човеково дејствување или недејствување или било кој компјутерски систем, телефонска линија, хардверско, софтверско или компјутерско нефункционирање или било кои други грешки, падови или доцнења во компјутерскиот пренос или вмреженото поврзување.
  7. Иако информациите на оваа веб-страница се ажурирани и Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје ги презема сите реални напори за да се осигура дека сите материјали на оваа веб-страница се вистинити, точноста на податоците не може да биде гарантирана и Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје не нуди никаква гаранција во однос на точноста на информациите.
  8. Со постета на оваа веб-страница се согласувате дека било кое име, лого, трговска марка што се наоѓа на веб-страницата е во сопственост или со лиценцна дозвола на Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје и не може да биде користена од Вас без претходна писмена согласност. Во оваа насока, за заштита на горенаведените обележја, Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје ќе ги штити своите права на интелектуална сопственост. Звуците, графиците, колумните, информациите или сликите на места и луѓе се или во сопственост на Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје или се користат на оваа веб-страница со дозвола. Вашето користење на било кои од овие материјали е забрането, освен ако тоа не е изречно дозволено на оваа веб-страница. Секое неовластено користење на овие материјали може да биде подложено на кривична или граѓанска одговорност, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на оние што се однесуваат на повреда на авторски права, трговски марки, лога, приватност и права на објавување.
  9. Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје не може да гарантира 24-часовен пристап до неговата веб-страница и не одговара ако од било која причина веб-страницата не е достапана во било кое време или за било кој период од денот. Приситапот до веб-страницата може да биде привремено оневозможен и тоа без претходно известување во случај на грешка во системот, одржување или поправка, поради причини што се надвор од наша контрола или било која причина што ние сметаме дека е соодветна за условите. Нема да бидеме одговорни во однос на било кое горенаведено оневозможување на користење на веб-страницата.
  10. Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје го задржува правото да ги измени овие Услови и правила за корситење на веб-страницата во било кое време и поради било која причина и го задржува правото да прави промени во било кое време, без известување или обврска, на било која информација содржана на оваа веб-страница. Со посета на оваа веб-страница се согласувате дека Вие ќе бидете обврзани со таквите ревизии. Ви предлагаме периодично да ја посетувата оваа страница од веб-страницата за да ги прегледате овие услови и правила.