Трговско право

Тимот на адвокати во Aдвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје што работат во областа на трговско право секојдневно се соочуваат со предизвикот при нудење на правната помош да бидат информирани со најновите правни текови од оваа област со цел најсоодветно да одговорат на потребите на нивните клиенти. Поради тоа, тимот брои адвокати со специјализација во меѓународно право што е нераскинливо поврзано со домашното трговско право, како: меѓународно инвестиционо право, меѓународно трговско право, меѓунароно приватно прав итн.

Поседуваме успешно искуство во:

  • регистрација на фирми, здруженија на граѓани, невладини организации, домашни и странски
  • превземање на разни процесни дејствија во согласност со Законот за трговски друштва
  • водење на стечајни постапки
  • застапување во постапки за заштитата на права на индустриска сопственост
  • нудење на правна помош при водење на преговори со правни лица инвеститори во РМ и др.

Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје е регистрационен агент пред Централен Регистар на Република Македонија.