Политика за човекови права

Политика за човекови права (Human rights policy) е јавно обврзување на компанијата дека ќе ја исполни својата обврска за почитување на меѓународно признаените човекови права. Политиката за човекови права е основен столб и почетна точка при спроведување на due diligence за почитување на човекови права во една компанија.

Се издвојуваат многу аргументи во прилог на бизнис случај за почитување на човековите права, како:

  • Обврска за компаниите е да ги почитуваат човековите права, односно да избегнуваат да ги повредуваат правата на другите и да се справат со негативните влијанија таму каде што се појавуваат.
  • Почитување на човековите права е правилно. Во линија е со основните вредности на компанијата како што се интегритет, почитување на луѓето и еднакви можности.
  • Почитувањето на човековите права помага да се заштити вредноста на бизнисот преку зачувување на репутацијата, избегнување на протести и штрајкови, и водење на скапи спорови;
  • Компаниите што ги почитуваат човековите права полесно привлекуваат на инвеститори и квалитетни работници.

Политиката за човекови права е корисна за компаниите од многу аспекти. Таа е основна алатка за интегрирање на културата за почитувањето на човековите права во сите бизнис функции. Исто така со применување на ваква политика се одговара на очекувањата на засегнатите страни, од работниците до консументите. И на крај Политиката за човекови права помага да се идентификуваат ризиците по човекови права и да се усвојат и ажурираат процеси за справување на вакви ризици.

Процес

Развивање на Политика за човекови права е динамичен и постојан процес, кој што подразбира вклучување на голем број на вработени и надворешни соработници. Следниве структури најчесто се вклучуваат при нејзина изработка: одделот за корпоративно социјално работење; проект менаџери, правен сектор, висок менаџмент, оддел за комуникација со јавност и сл. Постои согласност помеѓу правните лица што ја следат и работат на оваа проблематика дека следниве чекори се потребни за успешно развивање на Политика за човекови права.

  • Највисокото раководство на компанијата е одговорно да го води и одобри процесот.
  • Потребно е да се идентификува и да се базира процесот на внатрешно и надворешно познавање и искуство во областа на човекови права.
  • Тимот треба да ги издвои постоечките политики, кодекси и правилници со цел да се утврди дали и како со нив се почитуваат човековите права.
  • Неопходно е да се утврдат главните области каде што компанијата може да има влијание врз човековите права.
  • Консултација со засегнатите страни (инвеститори, клиенти, претставници на невладиниот сектор, консументи, претставници на зедницата, научници) е неопходна за да се идентификува и одговори на нивните очекувања.
  • Политиката треба се соопшти во компанијата и да стане јавно достапна.
  • Примена на Политиката за човекови права во оперативните политики и процедури на компанијата, што е посебна тема за која ќе пишуваме во следната колумна.

Политиките за човекови права се различни. Некои компании се одлучуваат да имаат интегрирана, а други издвоена политика за човекови права. Сепак, секоја Политика за човекови права како минимум треба да ги задоволува следниве критериуми.

Компанијата треба да се обврзе дека ќе ги почитува сите меѓународно признати човекови стандарди, како Меѓународната повелба за човекови права и Конвенцијата на Меѓународната организација на трудот за основните принципи и права на работа. Потоа, Политиктаа за човекови права треба да посочи кои се очекувањата на компанијата од вработените, бизнис партнерите и другите засегнати страни. И на крај таа треба да ги прикаже дејствијата што ќе бидат превземени од компанијата за нејзина примена.

Доколку компанијата сака да направи подетална Политика за човекови права, тогаш дополнително може да е даде опис на чекорите што биле превземени за создадавање на политиката. Издвојување на приоритетни области по човековите права, како и давање на краток опис на оние човекови права што компанијата смета дека се најзначајни за нејзините активности се особено корисни податоци за сите заинтересираните страни.

Во надеж дека текстов побуди желба кај вас да создадете или ја ажурирате Политиката за човекови права на вашата компанија.

Овој текст беше објавен на веб страницата bi.mk.