Повеќе правда за жртвите на од бизнис-поврзани злоупотреби на човекови права

14 март 2017 год.

Компаниите, нивните подружници и добавувачи со она што го прават или не го прават, може да влијаат на правата на работниците, клиентите и јавноста. Ова може да доведе до повреда на правата на работниците, правото на приватност, дискриминација, а може да биде загрозено и правото на пристап до правда. Додека бизнисите влијаат на човековите права, жртвите се можеби во борба да најдат правда  и покрај различните иницијативи за подобрување на почитувањето на човековите права.

Најновото мислење на Агенцијата за фундаментални права на Европската Унија ги проучува различните потешкотии со кои жртвите може да се соочат кога бараат пристап до правдата. Исто така, укажува и дава совети за тоа што ЕУ може да направи за да го зголеми пристапот до правни лекови на жртвите. Неколку од предлозите се следните:

  • Подостапни правни лекови
  • Подобра поддршка на прекугранични спорови
  • Користење на кривични правосудни системи
  • Обезбедување на алтернативи преку не-правните лекови
  • Подобрување на транпарентноста и собирање на податоци

Мислењето има за цел да ја зголеми свеста за потреба од поголемо ангажирање на ЕУ за зајакнување на пристапот до судски и вонсудски лекови. Мислењата кои ги дава Агенцијата се дел од основната правна помош и експертиза кои ги дава на Европската Унија и земјите-членки.