Маријана Џон Филипоска

Г-ѓа Маријана Џон Филипоска е Адвокат која работи во Адвокатско друштво ИНТЕР ПАРТЕС од Скопје од 2014 година. Во нејзиното досегашно правно искуство има работено во повеЌе области на правото, но главни и претежни гранки на делување и се стопанското право, граЃанското право, работните односи и кривичното право.

Професионалното искуство во правната област г-ѓа Џон Филипоска го започнува во март 2008 година како адвокатски приправник во Адвокатска канцеларија Владимир Стефановски, каде по успешна двегодишна обука го положува правосудниот испит. Во 2011 година се вработува како адвокатски стручен соработник во Адвокатска канцеларија Бранко Кузманоски, каде работи една година, о во која стекнува практично искуство од областа на правото на осигурување по основ на штета и штетни настани.

Во 2013 година се вработува во Агенцијата за вработување на Рeпублика Македонија во која работи на проект за поттикнување на вработеноста и пополнување на слободни работни места сo професионален работен кадар во Република Македонија.

Во 2014 година се вработува во Адвокатско друШтво ИНТЕР ПАРТЕС како адвокатски стручен соработник, а во 2017 година продолжува со својата работа како Адвокат.

Од странските јазици има познавања на англискиот јазик.

Образование и стручно усовршување

Г-ѓа Џон Филипоска дипломира на Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје во декември 2007 година, а во јуни 2011 година го положува правосудниот испит. Во 2013 година го положува и испитот за државни службеници.

Со цел усовршување и стручно надградување, има посетувано повеќе семинари и научни манифестации во Република Македонија.

Контакт информации:

Емаил: marijana@interpartes.mk
Т/Ф: +389 (0)2 3123 034
Моб: +389 (0)78 362 229