Малолетничка правда

Со цел да им даде посебна заштита на малолетни лица, како и да го нормира санкционирањето на кривични дела извршено од малолетници на различен начин од оној од полнолетни сторители на кривични дела, законодавецот ја нормирал оваа материја во Законот за малолетничка правда. Во овој момент Министерството за правда има изготвено предлог Закон за правда за децата.

Адвокатите нудат правна помош на деца сторители на кривични дела, како и на деца жртви на кривични дела. По правило, ваквата правна помош пред инволвираните органи ја даваат адвокати кои посетувале специјализирани обуки за права на децата во земјава или странство секоја година. Тимот на адвокати во Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје што работи во оваа област превзема обврска да биде обучуван секоја година на теми поврзани со правата на децата, како би можеле да пружаат најсоодветна правна помош на децата.