Кривично право

Општо за кривично право

Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје има долгогодишно искуство во застапување на обвнитени и осудени лица пред домашните судови. Освен тоа, тимот кривичари е стручен да постапува во случаи поврзани со штета, рехабилитација и други права на лица неоправдано осудени и неосновано или незаконито лишени од слобода. Во нудењето на оваа правна помош секогаш се трудиме клиентите да бидат запознаени со релевантното право, кривичниот процес и постапките што им стојат на располагање. Со новите измени на Законот за кривичната постапка пред адвокатите на Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје се отвара предизвик да проценат со кој вид на постапка може да се даде најуспешна одбрана на нивните клиенти, имајќи ги во предвид предметното кривично дело и степенот на кривична одговорност.

Организиран криминал

Организираниот криминал може да земе разни насоки: од трговија со дрога, до трговија со луѓе и криумчарење на мигранти. Понекогаш тоа е комјутерски криминал, и бара значајно техничко знаење, додека пак понекогаш има политичка природа. Одбрана во вакви сериозни и комплексни случаи бара специфични вештини како: високо развиено стратегиско размислување, беспрекорна организација и познавање на правната материја, цврст и одлучен стил на одбрана, способност за искористување на максимумот од експертите и адвокатите. Во овие области адвокатите во Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје настојуваат постојано да се надоградуваат.

Правни лица

Кога кривично дело ќе биде сторено во рамки на една компанија постои двоен ризик. Не само што компанијата може да трпи директна или индиректна финансиска загуба, но и самата може да биде предмет на истрага. Иако за овластените лица во компанијата може да биде јасно дека дејствијата на нивните вработени се надвор од нивна контрола, истражните власти може да имаат различно мислење. При тоа, истражните органи имаат законски овластување да спроведуваат, меѓу другото, специјални истражни мерки за да се утврди соучеството на компанијата во дејствијата на работникот или пак одговорноста на правното лице. Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје има искуство во нудење на правна помош на правни лица обвинети за извршување или соучество во дејствија казниви по Кривичниот Законик, како перење на пари, измама, давање и примање на поткуп, корупција и др.

Жртви на кривични дела

Согласно новите измени на Законот за кривична постапка, жртва на кривично дело е секое лице кое претрпело штета, вклучувајќи физичка или ментална повреда, емотивно страдање, материјална загуба или друга повреда или загрозување на неговите права и интереси како последица на сторено кривично дело.

Последиците од кривично дело врз жртвата може да бидат различни: финансиска загуба, болки, страв, загуба на самодоверба и верба во другите. Жртвите очекуваат да добијат заштита од кривичниот правен систем, да бидат информирани за истрагата и за судењето, и кон нив да се однесуваат со посебна грижа и внимание.

Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје има искуство во водење на случаи каде се бара интервенција од соодветен орган – полиција, обвинителство, социјалните услуги и др. – заради заштита на жртви на кривично дело. Исто така, сме застапувале жртви кои тврдат дека државните органи не ги превзеле своите позитивни или негативни обврски засновани во внатрешно или меѓународно право, па поради тоа бараат надоместок на штета.

Со измените на Законот кривичната постапка се нуди зајакната заштита на жртви на кривично дело. Така, покрај гарантирање на права на жртвите општо, како правото да учествуваат во кривичната постапка како оштетени со приклучување кон кривичниот прогон или за остварување на имотноправно барање за штета, се предвидува и посебна заштита на ранливи категории на жртви, на жртви на кривични дела против половата слобода и половиот морал, човечноста и меѓународното право. Како полномошници, адвокатите на Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје ќе имаат обврска да се повикуваат на овие права при застапување на жртвите на кривични дела.

Малолетничка деликвенција

Со цел да им даде посебна заштита на малолетни лица, како и да го нормира санкционирањето на кривични дела извршено од малолетници на различен начин од оној од полнолетни сторители на кривични дела, законодавецот ја нормирал оваа материја во Законот за малолетничка правда. Во овој момент Министерството за правда има изготвено предлог Закон за правда за децата.

Адвокатите во Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје нудат правна помош на деца сторители на кривични дела, како и жртви на кривични дела. По правило, ваквата правна помош пред инволвираните органи ја даваат адвокати кои посетувале специјализирани обуки за права на децата во земјава или странство секоја година. Тимот на адвокати што работи во оваа област превзема обвсрка да биде обучуван секоја година на теми поврзани со правата на децата, како би можеле да пружаат насоодветна на децата правна помош.