За ИНТЕР ПАРТЕС

Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје е основано во 2011 година и дел од неговите адвокати се следбеници на Адвокатската канцаларија на Димитар и Виолета Дангови, која потекнува од 1990 година. Работи на застапување на физички и правни лица пред домашни и меѓународни судови и органи, дава одбрана на осомничени и обвинети лица, води преговори и врши услуги од областа на делевниот протокол. Нуди правна помош во сите области на правото, а особено во областа на кривичното право и малолетничката правда, граѓанското, трговското и трудовото право, правото на индустриската сопственост, човековите права и слободи и меѓународното инвестиционо право.

Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје се залага за мирно решавање на споровите во вонсудска постапка, со примена на медијација, преговарање и спогодување. Освен тоа, во неговото работење се повикува на правните норми, принципи и стандарди усвоени од Советот на Европа и Обединетите Нации, како и претседентното право развиено од европски и меѓународни судови, трибунали и комори.

Својата репутација ја гради врз основа на квалитетот и карактерот на своите адвокати. Во моментот, во него работат шестмина адвокати, еден стручен соработник и доволен број на адвокатски приправници. Тимот брои адвокати со докажано национално и меѓународно работно искуство, обучени за застапување пред Европскиот суд за човекови права во Стразбург, пред разните Комитети на Обединетите Нации, како и пред други меѓународни форуми. Соработува со фирми со лиценца за судски вештачења, консултантски фирми, невладини и меѓувладини организации, а по потреба ангажира надворешни соработници од профилот на доктори на науки и професори на факултети.

Но, покрај правна стручност, вработените се свесни дека клиентите бараат почитување на вредности. Поради тоа, тимот упорно работи да го сфати нивото на ангажман што клиентите и соработниците го бараат од адвокатското друштво. Посветува време да ги проучи потребите на клиентите, физички лица, а за правните лица, нивната структура и бизнис планови.

Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје останува посветено на традицијата на нудење на правни услуги и професионален развој, следејќи ги иновациите и предизвиците што ја обликуваат правната професија во 21-виот век.