Димитар Дангов

Г-дин Димитар Дангов, кој има 26 годишно искуство како адвокат, е основач на Адвокатсткото друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје. Во неговата досегашна работа и пружање правна помош има работено на правна проблематика во сите области на правото. Се пронаоѓа како адвокат во секој предмет кој го привлекува неговото внимание и на неговиот рефлекс на адвокат најголемото влијание има потребата на Клиентот. Централното место во кое се изнаоѓа е во функција на пружање адекватна правна помош и одбрана на неговите сегашни и идни клиенти, развивање и напредување како адвокат.

Активности

Делувањето на Димитар Дангов како адвокат е во функционална врска со унапредувањето на статусот на професијата адвокат и владеење на правото.

Образование и стручно усовршување

Г-дин Дангов дипломира на Правниот Факултет во Скопје во 1982 год. Посетувал бројни семинари и обуки. Во моментот работи како обучувач за измените на Законот за кривична постапка при Академијата на судии и јавни обвинители.

Публикации, научни трудови, интервјуа

Работата и трагите од истата во архивите на судот се допринос на Адвокатот Димитар Дангов во презентирање на правната мисла.

Контакт информации:

Е-мејл: dangov@dangov.com
Т/Ф: +389 (0)2 3123 034
Моб: +389 (0)70 245 088