Даниел Георгијевски

Адвокат Даниел Георгијевски работи како адвокат од 2010 година. Задоволството во работата го пронаоѓа во успешното застапување на клиентите, преку навремено, ефикасно и ажурно постапување и водење на постапките пред надлежните судови во РМ, во функција на остварување на правата на клиентите во областа на граѓанското, кривичното и стопанското право.

Активности

Адвокат Даниел Георгијевски е член на Адвокатската комора на Република Македонија од 2010 година.

Образование и стручно усовршување

Г-дин Георгијевски дипломира на Универзитетот „ФОН” на Правниот факултет во Скопје, во 2007 година, а положува правосуден испит во 2010 година.

Има учествувано на повеќе конференции во Македонија и странство, преку кои го надградува своето знаење во правната област.

Публикации, научни трудови и интервјуа

Г-дин Георгијевски има дадено бројни интервјуа во електронски и печатени медимуи на теми: „Основите за штета како право на граѓаните”; „Работни односи, права и обврски кои произлегуваат од Законот за работни односи”; „Разводи и вонбрачна заедница”; „Закон за градба”; “„Предбрачни договори”; „Меѓународна трговија со човекови органи”; „Екстрадиција на криминалци”; „Конфискација на имот” и  „Заштита на сведоците во кривичната постапка”.

Контакт информации:

Е-мејл: daniel@interpartes.mk
Т/Ф: +389 (0)2 3123 034
Моб: +389 (0)75 362 310