Граѓанско право

Од водење на граѓански постапки каде се бранат граѓанските слободи и права до нудење на правна помош при склучување и примена на договори на физички и правни лица, Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје брои адвокати со многугодишно искуство во граѓанско-правната материја. Без разлика дали станува збор за составување на договори за големи компании поврзани со производство на стоки и услуги, или пак давање на правни совети на физички лица за постапки што се превземаат при оставинска постапка, тимот адвокати секогаш непристрасно и професионално дава правна помош, добро анализирајќи го случајот пред себе и сфаќајќи ги потребите и целите на клиентите.

Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје има успешно работно искуство во нудење на правна помош:

  • при водење на парнични, вонпарични, оставински и управни постапки пред надлежни државни органи
  • при застапување на клиенти во постапки на извршување
  • во превземање на различни процесни дејствија повразни со правото на сопственост и други стрвари права, авторско право и други стварни права
  • во превземање на различни процесни дејствија поврзани со облигационите односи (договори, надомест на материјална и нематеријална штета, хартии до вредност и др.) и
  • во застапување на клиенти во постапки на медијација.