Водич за бизнис и човекови права

Водичот за бизнис и човекови права е изготвен од страна на Адвокатско друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје и Данскиот инситут за човекови права (ДИЧП).

Водичот е компилација на јавно достапни информации од интернационални институции, локални невладини организации, владини агенции, компании, медиуми и универзитети, меѓу другите. Интернационалните и домашните извори се идентификувани врз основа на нивната стручност и важност за македонскиот контекст, како и нивната навременост и непристрасност.

Истражувањето на јавно достапни, меѓународни извори првично беше спроведено од страна на Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје во 2016 година, а добиваше стратешки придонес од ДИЧП низ процесот. Водичот има за цел да обезбеди сеопфатен преглед на начините на кои компаниите влијаат или можат да влијаат на човековите права во Република Македонија и вклучува препораки како бизнисите да ги почитуваат човекови права со должно внимание.

Водичот за бизнис и човекови права – Република Македонија покажува дека областа на бизнисот и човековите права е во рана фаза на развој во земјата. Во најголем дел  компаниите имаат преземено иницијативи за развој, а иницијативите за должно внимние се помалку застапени. Стандарди на трудот е област каде што компаниите веќе имаат усвоено различни политики и процедури, додека пак областите животната средина и земјиште и имот се помалку третирани со објективот на човековите права.

Сегашниот Водич за бизнис и човекови права не е наменет како краен производ или конечно утврдување на условите во земјата.

Консултирајте го Водичот на македонскиалбански и англиски јазик.