Виолета Дангова

Г-ѓа Виолета Дангова работи како адвокат од 1995 година, со специјализација во граѓанско право, трудово право и човекови права. Адвокат Дангова, е одговорна за едукација на адвокатските приправници и нивната соработка во Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје. Успешно застапува клиенти, физички и правни лица, пред Европскиот суд за човкови права по разни основи, а особено поради повреда на правото на судење во разумен рок, забрана на дискриминација, право на ефективен правен лек и право на сопственост, заштиетни со Европската конвенција за човекови права и слободи и нејзините Протоколи.Течно зборува француски јазик.

Активности

Г-ѓа Дангова е член на Адвокатската комора на Република Македонија од 1995 година, како и член на невладината асоцијација „Жените од Македoнија”.

Образование и стручно усовршување

Адвокат Виолета Дангова дипломира на Правниот факултет во Скопје, во 1982 година, а положува правосуден испит во 1995 година. Во 2000 година, станува овластен судски преведувач од француски на македонски и од македонски на франциски јазик. Во 2001 година, се стекнува со лиценца за застапување пред Европскиот суд за човекови права во Стразбург. Има учествувано на повеќе конференции и семинари во Македонија и странство, вклучувајќи ги и Интернационалната конференција во Лил, Франција во 2000 година и на петнеделниот семинар „Инвестирање во претпријатијата” во 2003 година во Рим, Италија во организација на IDLO.

Публкации, научни трудови и интервјуа

  • Интервју за списанието „Клер” во Франција;
  • Поднесување до Владата на РМ Предлог-измени на Закон за семејство и на ЗПП за утврдување на татковство;
  • Интервју за македонското радио на тема „Вонбрачна заедница” и
  • Интервју за радио Слободна Европа на тема „Судење во разумен рок”.

Контакт информации:

Е-мејл: dangova@interpartes.mk
Т/Ф: +389 (0)2 3123 034
Моб: +389 (0)75863 816