Бизнис случај

10 причини зошто вашата компанија е одговорна да ги почитува човековите права согласно Насочувачките принципи за бизнис и човекови права на Обединети нации:

  1. Зајакнување на капацитетите на вашите вработени. Анализите покажуваат дека вклучувањето на вработените во подобрувањето на нивните човекови права е еден од најефикасните начини за задржување на вработените.
  2. Исполнување на светските очекувања. Насочувачките принципи по бизнис и човекови права се инкорпорирани во многу инструменти на регионални организации, како ЕU, OECD, IFC и др. Преку применувањето на Насочувачките принципи вашата компанија работи во согласност со глобално прифатениот стандард за бизнис и човекови права.
  3. Знаење и покажување/“Know and show“. Идентификувањето на вашите негативни влијанија врз човековите права ќе ви помагне да избегнете непријатни изненадувања и ќе ви озвозможи да знаете и да покажете дека вашата компанија навистина ги почитува човековите права.
  4. Управување со ризици. Спроведување на due diligence по човекови права ви дава знаење за да ги предвидите ризиците и да можете да ги прекинете, или пак да гo спречите или ублажите нивното настанување.
  5. Одговори во ракав. Преку покажување дека вашата компанија ги применува Насочувачките принципи вашата компанија ќе има легитимни одговори на очекувањата на заинтересираните страни (вработени, инвеститори, банки, заедница, партнери) и ќе ја заштити компанијата од евентуална критика за начинот на деловното работење.
  6. Спречување на невиденото. Преку утврдување на влијанието на компанијата врз сите човекови права вие станувате свесни за влијанијата кои порано можеби не сте ги забележале и ќе може да спречите да настанат.
  7. Компаративна предност. Се повеќе јавни и приватни институции го надгледуваат нефинаниското работење на компаниите, барајќи од нив да доставуваат извештаи за начинот на кој компаниите ги почитуваат човековите права.
  8. Дигнитет. Вработените, потрошувачите, инвеститорите и деловните партнери се повеќе бараат високи стандарди на социјална одговорност. Наочувачките принципи даваат конкретна алатка на компаниите како да ги исполнети очекувањата и да ги подобрат животите на заинтересираните страни.
  9. Водење преку пример. Почитување на човековите права е одговорност на сите компании вклучувајќи ги и вашите добавувачи. Водете преку пример, и станете партнери од зголемено значење во вашите деловни односи.
  10. Поголем пристап до капитал. Поголем пристап до деловни можности, финансиери и потрошувачи, кои се повеќе го препознаваат намалениот ризик врз нив ако работат за и со компанија која ефикасно управува со ризиците врз човековите права.