Бизнис и човекови права

Водечки принципи по бизнис и човекови права беа усвоени од страна на Советот за човекови права на Обединетите нации во јуни 2011 година. Овие Принципи бараат од компаниите да:

  • имаат полититичка посветеност за да ја исполнат нивната одговорност за почитување на човековите права;
  • применат due-diligence процес во однос на идентификување и заштитување на човековите права, како и превземање на одговорност поради нивно кршење; и
  • употребат процеси за да ги намалат негативните влијанија врз уживањето на човековите права, што тие ги причинуваат или пак придонесуваат во нивното настанување.

Примената на Водечките принципи е универзална за компаниите, без разлика на нивната големина, сектор, локација, сопственост и структура. Овие принципи признаваат дека нема еден единствен пристап за тоа како компаниите треба да ја исполнуваат нивната корпоративна одговорност за почитување на човековите права.

Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје дава пакет правни услуги на деловните претпријатија со цел исполнување на нивната одговорност за почитување на човековите права во согласност со Насочувачките принципи за бизнис и човекови права.

ИНТЕР ПАРТЕС дава правна помош на клиентите кои сакаат да:

  • изработат Политика за човекови права;
  • спроведат due diligence по човекови права за ги идентификуваат, спречат и ублажат сегашните или потенцијални негативни влијанија врз човековите права,
  • ги обучат и едуцираат вработените, и ги ревидираат процесите, постапките и политиките во согласност со меѓународно усвоените инструменти за човекови права;
  • известуваат за примена на човековите права во деловното работење;
  • усвојат вонсудски жалбени механизми и друго.

Во соработка со Danish Institute for Human Rights, Адвокатското друштво го изработи првиот Водич по бизнис и човекови права за Република Македонијашто е достапен на македонски, албански и англиски јазик.

За повеќе информации на темата бизнис и човекови права, Ве упатуваме кон линковите од левата страна.

Лице за контакт:

Адвокат м-р Ана Дангова Хуг
Е-маил: a.dangovahug@interpartes.mk
Тел: +389 (0)78 203 238