Бизнис и права на децата

Бизнис и права на децата – зошто?

Ноторно е дека правата на децата се круцијална инвестиција за одржлива иднина. Да се негуваат овие права помага да се изградат силни и едуцирани заедници што се неопходни за создавање на инклузивен и продуктивен бизнис сектор.

Бизнис што интегрира почит и поддршка на децата во својата стратегија и работење генерира користи како за децата и општеството, така и за самиот бизнис. Позитивни активности за правата на децата влијааат врз работењето на компаниите на начин што може да:

  • ја зголемат репутацијата и вредност на брендот;
  • го подобрат вработувањето, работењето и продуктивноста на работниците;
  • привлечат инвеститори;
  • изградат доверба кон компаниите;
  • помогнат компаниите да се стекнат со компетативна предност;
  • го зголемат легитимитетот на активностите;
  • го подобрат справувањето со ризик и ја зајакнат општествената социјална одговорност на компаниите и др.

Правата на децата и Бизнис принципите

Разработени од УНИЦЕФ, UN Global Compact и Save the Children, Правата на децата и Бизнис принципите се првиот сеопфатен сет на принципи што ги насочува компаниите како да превземаат активности на работното место, пазарот и во заедницата, а при тоа да ги почитуваат и поддржуваат правата на децата. Иако темата човекови права и бизнис е значително развиена, водењето на бизнис со почитување на правата на децата до неодамна не беше јасно и сеопфатно адресирана на меѓународно ниво.

Принципите, чие составување започна во јуни 2010 год. во консултација со експерти, граѓанското општество, владите и децата, се втемелени врз постоечките стандарди, иницијативи и добра пракса во однос на прашањето за бизнисот и децата. Тие ги зајакнуваат стандардите изложени во Конвенцијата за правата на детето и нејзините Протоколи, како и Конвенциите на Меѓународната организација на трудот бр.182 за најлошите форми на работа на детскиот труд и бр. 138 за минимална возраст. Принципите го дефинираат детски труд на ист начин како конвенциите, односно како работа на деца под минимално дозволента возраст за работа, како и секоја работа што е штетна за децата под 18 годишна возраст без разлика на минималната возраст за работа.

Принципите бараат од бизнис заедницата да ги признаат децата како заинтересирана страна и кога носат одлуки и превземаат дејности што влијаат врз децата, да ги интегрираат нивните интереси.

Принципите оперираат со вокабуларот “почитување“ и “поддржување“ на правата на децата. Почитување на правата на децата, што е минимумот што се бара од приватниот сектор,  подразбира одбегнување на повреда на правата на децата и превземање на мерки за отстранување на негативните влијанија што бизнисот може да ги направи врз овие прави. Ваквата општествена одговорност ги опфаќа активностите на компаниите и нивните бизнис односи во работењето и нудењето на производи и услуги.

Од друга страна, општествена одговорност за “поддршка“ на правата на децата значи доброволна согласност  на претпријатијата доброволно да превземат активности во насока на унапредување на детските права. Ова може да се постигне преку нивните основни бизнис активности, или преку стратешки социјални инвестиции и филантропија, лобирање и други форми на колективна активност.

Со Принципите многу компании ќе сфатат дека правата на децата се област која влијае врз сите корпоративни функции, вклучувајќи човечки ресурси (работна средина, работни услови, политики што ги интегрираат семејните потреби, вработување на жените); менаџирање на понудата (стандарди за понудувачите, мониторинг); владини прашања (развој на политики, лобирање); маркетинг (одговорно рекламирање/маркетинг пракси); истражување и развој (безбедност на продукти, достава) и друго.

10те Принципи

Преку примена на Принципите, се очекува да компаниите развијат и применат ефикасни политики при што:

  1. ќе ја исполнат нивната одговорност да ги почитуваат правата на децата и да се заложат да ги поддржат овие права (Принцип 1). Овој принцип ги изложува трите главни активности што компаниите треба да се превземат со цел да се постигне општествена одговорност за почитување на правата на децата –превземање на одговорност преку усвојување на внатрешни политики, due diligence марки и дејности на санација. Исто така овој принцип ја поттикнува бизнис заедницата не само да ги почитува правата на децата, туку да оди чекор понатаму и да ги поддржи и промовира овие права. Очекуваните активности треба да се засноваат на четрите основни принципи на детските права – опстанок и развој; најдобри интереси на детето; учество и слобода на изразување; и еднаков третман без разлика на раса, пол и спреченост.
  2. ќе придонесат за елиминирање на економската експлоатација и работа на детето во сите бизнис активности и односи (Принцип 2); овозможат достоинствена работа за млади работници, родители и згрижувачки семејства (Принцип 3) и спроведат мерки за заштита и безбедност на децата во работната средина и во сите бизнис активности (Принцип 4) . Овие мерки се превземаат на работното место.
  3. ќе бидат сигурни дека продуктите и сервисите се безбедни, и преку нив настојуваат да ги поддржат правата на децата (Принцип 5); и водат сметка дека со рекламирањето и маркетиншките активности не се повредуваат правата на децата (Принцип 6). Овие мерки се превземаат на пазарот.
  4. ќе ги почитува и поддржува правата на децата во однос на животната средина и добивањето и користењето на земја (Принцип 7); превземаат безбедносни мерки имајќи ги во предвид правата на децата (Принцип 8); помагаат да се заштитат децата што се засегнати од непогоди (Принцип 9) и ги зајакнуваат напорите на државата и заедницата за заштита и примена на правата на децата (Принцип 10). Овие мерки се однесуваат на заедницата и животната средина.

Резиме

Принципите не создаваат нови правни обврски. Сепак, со нив се подигнува свеста на бизнис заедницата и на заинтерисираните страни за ризиците и можностите што ги носи поврзаноста на бизнисот и децата. За нив се или ќе бидат информирани владите, инвеститорите, граѓанското општество и другите актери пред кои биснис заедницата е одговорна, а согласно националното или меѓународното право. Принципите исто така ги повикуваат компаниите да ја зголемат нивната транспарентност во однос на политиките и процесите што влијаат врз децата и да известуваат за нивниот прогрес во оваа насока.

А што вие имате направено на тема “бизнис и права на децата“?

Овој текст, со мали измени, беше објавен на веб страницата bi.mk.