Арсенија Дејаноска-Сарагинова

Г-ѓа Арсенија Дејаноска-Сарагинова е адвокат чија работа главно се фокусира на стопанското право и граѓанското право, не запоставувајќи ги и другите аспекти од правните области.

Во Aдвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје, носи работно искуство од различни области. Така, во 2002 година, работи како извршител во Заводот за статистика, во државна архива, а помеѓу 2006 и 2007 година, како адвокатски приправник во Адвокатска канцеларија Тасевски. Следната година се вработува како правник во Министерството за надворешни работи на РМ, во Директоратот за дијаспора. Во 2010 година, ангажирана е во специјализираниот тренинг центар Triple S Learning, каде работи со голем број на компании одржувајќи разни обуки, семинари и конференции на разни теми.

Во 2011 година се приклучува кон Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје, како стручен соработник, а во јули наредната година продолжува да ги врши своите обврски како адвокат.

Од странските јазици има познавање на англиски јазик.

Активности

Адвокат Арсенија Дејаноска-Сарагинова е член на Адвокатската комора на Република Македонија и Здружението на правници на Република Македонија.

Образование и стручно усовршување

Во поглед на образованието, своето средно образование го има завршено во ДСЕПУ „Васил Антевски Дрен“ (отсек правни студии), a потоа го продолжува на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, каде се стекнува со титулата дипломиран правник. Покрај афинитетите за правото, водена од желбата подлабоко да го осознае начинот на правилниот пристап и комуникацијата со луѓето, се запишува на постдипломски студии на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, отсек – Менаџмент на човечки ресурси. Во 2013 година се стекнува со титулата магистер по менаџмент на човечки ресурси.

Контакт информации:

Е-мејл: arsenija.interpartes@gmail.com
Т/Ф: +389 (0)2 3123 034
Моб: +389 (0)78 330 248