Ана Дангова Хуг

М-р Ана Дангова Хуг е адвокат, чија работа се фокусира, во главно, на три полиња:

  • човекови права, чија димензија е присутна во сите области на правото;
  • кривично право и малолетничка правда и
  • меѓунардно инвстиционо право

Г-ѓа Дангова Хуг има стекнато висока стручна квалификација во РМ, а магистратура во Женева, Швајцарија.

Пред да се приклучи кон Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје, г-ѓа Дангова Хуг има стекнато меѓународно искуство поврзано со заштита на човековите права, преговарање и инвестиции, работејќи за:

  • специјалната програма: „Полова еднаквост и реформа во безбедносниот сектор” при DCAF, Центар за безбедност, развој и владеење на правото (DCAF a Centre for security, development and the rule of law);
  • Канцаларијата на Високиот комесар за човекови права на Обединиетите нации (ОН);
  • Економската комисија на ОН за Европа, Канцаларија на извршниот секретар, во секторот „Полова еднаквост” и
  • Citi Private Bank, Женева, Швајцарија, на тема „Филантропски консултантски услуги и колективна општествена одговорност”.
  • Адвокат м-р Ана Дангова Хуг течно зборува англиски и француски јазик, стекнувајќи се со диплома од Школата за изучување на француски јазик и цивилизација при Универзитетот во Женева во 2010 година.

Активности

Г-ѓа Дангова Хуг е член на Адвокатската комора на Република Македонија и Здружението на правници на Република Македонија. Исто така е член на Alumni мрежата при Институтот за меѓународни студии и развој (The Graduate Institute for International Studies and Development), Женева.

Од почетокот на 2013 год., Адвокат м-р Ана Дангова Хуг е соработник на ЛУЛКА Здружение за грижа и едукација на бремени жени, мајки и деца на начин што дава бесплатна правна помош и подготвува текстови повразни со правата и заштитата што ја уживаат бремените жени, мајки, родители и нивните деца согласно законските прописи во Република Македонија. Исто така, таа е колумнист на веб порталот Бизнис Инфо bi.mk, пишувајќи статии од областа на интелектуална сопственост.

Образование и стручно усовршување

Г-ѓа Дангова Хуг дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први” во 2006 година, а три години подоцна станува магистар по Меѓународни студии, со специјализација по Меѓународно право (англиски и француски јазик) при Институтот за меѓународни студии и развој, Женева, подготвувајќи го магистерскиот труд со наслов Употреба на меѓународното право за човекови права во борба против трговија со луѓе.

Адвокат м-р Ана Дангова Хуг има посетувано повеќе курсеви, семинари и конференции со цел стручно усовршување. Така, во 2005 година, се стекнува со диплома за завршени студии (Педагогија, ниво А и Б), Школа за образование и комуникација при Универзитетот Jönkoping, Шведска, на тема „Лидерство и работа со млади”. Во 2007 година станува тренер на модел-симулации на ОН од Светскиот универзитетски сервис, Виена, Австрија, а во 2008 година е избрана да посетува работилница за делегати на Меѓународниот Црвен Крст во Биен, Швајцарија.

Публикации, научни трудови и интервјуа

DCAF, Меѓународни и регионални закони и инструменти поврзани со реформата во безбедносниот сектор и полова еднаквост, Уредници: Меган Бастик, Ана Дангова Хуг и Мугихо Текашита, Женева, 2011. (на англиски, француски, индонезиски, црногорски и арапски јазик).

Асистент-уредник, Меѓународни правни документи на Република Македонија, 1945-2006, Правен факултет „Јустинијан Први”, 2009.

„Концептот на забрана на дискриминација”, Care International Skopje, 2004: 14-18; 74-5.

Придонес со истражување и анализа кон следниве публикации:

Меган Бастик, Водич за самооценување во однос на половата еднаквост во полицијата, вооружените сили и правосудството (Женева: DCAF, 2001) (на англиски и француски јазик).

Меган Бастик и Даниел де Торес, „Примена на Резолуциите за жени, мир и безбедност во реформата во безбедносниот сектор.” Прирачник за полова еднаквост и реформа во безбедносниот сектор. Уредници: Маган Бастик и Кристин Валасек. Женева: DCAF, OSCE/ODIHR, UN-INSTRAW, 2010. (на англиски, француски, шпански, црногорски и арапски јазик).

Агнета М. Јохансен. „Ресурси за тренинг на реформа во затворите и полова еднаквост” во Пакет тренинг ресурси за полова еднаквост и реформа во безбедносниот сектор. Уредник: Меган Бастик. Женева: DACF, 2010. (на англиски и француски јазик).

Контакт информации:

Е-мејл: a.dangovahug@interpartes.mk
Т/Ф: +389 (0)2 3123 034
Моб: +389 (0)78 203 238